Интер Мајами покажа дека знае да победува и без Лионел Меси, а во отсуство на најголемата ѕвезда во тимот, задолжен за голови и шоу беше Жорди Алба.
Поранешниот лев бек на Барселона донесе израмнување за Интер Мајами во 92-та минута, но потоа се најде во центарот на вниманието и во пенал рулетот против Некакса.
Goalkeeper tried playing mind games with Jordi Alba and it didn’t work in his favor 😂 pic.twitter.com/4UZosKKBO7
— Major League Soccer (@MLS) August 3, 2025
Аргентинскиот голман Езекиел Унсаин се обиде да го деконцентрира Алба такашто бараше од него каде да го испрати шутот, а навистина интересно беше тоа што Жорди го послуша во дадената ситуација.
Алба биеше во аголот кој го побара голманот на мексиканскиот тим, па откако успеа да го совлада, му возврати на брутален начин.
Шпанскиот дефанзивец ладнокрвно погоди во третата серија за водство од 3:2, по што му држеше лекции со вперен прст кон ривалот.