Кошаркарската Федерација се огради и ги осуди националистичките скандирања во Куманово

Дерби

03/08/2025

14:25

378

Големина на фонт

а а а

Македонската кошаркарска репрезентација вчера играше пред полна сала во Куманово против Романија, но откако загуби на болен начин во последната четвртина, Федерацијата денеска мораше да се огласи со соопштение со кое се огради од немилите скандирања.

Дел од публиката во Куманово имаше националистички испади за време на натпреварот со Романците, па тоа го натера раководните луѓе на Федерацијата да излезат со официјален став, со кои целосно се дистанцираа од немилите случувања.

– Раководството на Македонската кошаркарска федерација се оградува и го осудува непримерното и националистичко однесување на мал дел од навивачите на натпреварот Македонија-Романија, одигран на 2. август, 2025 година во Куманово.

Раководството на Македонската кошаркарска федерација, се оградува и го осудува непримерното и националистичко однесување...

Posted by Кошаркарска Федерација на Северна Македонија on Sunday, August 3, 2025

– Таквите постапки не го претставуваат духот, вредностите и идентитетот на нашата федерација, ниту го отсликуваат мнозинството од нашите навивачи, кои секогаш ке бидат пример за спортска култура и поддршка.

– Националистички пароли, говор на омраза и поттикнување нетрпеливост немаат место ниту на трибините, ниту во спортот воопшто. Ги повикуваме сите навивачи да се воздржат од слични постапки во иднина, и да дадат свој придонес во создавање на позитивна, безбедна и инклузивна атмосфера на стадионите и салите.

– Истовремено, секогаш ќе соработуваме со надлежните институции за идентификација на инволвираните лица како во иднина не би се случувале вакви изолирани настани. Жалиме што еден таков настан, кој од домаќински и организационен аспект доби највисоки пофалби, сепак од една занемарлива структура на не/навивачи се искористи за НЕСПОРТСКИ потреби.

– Повторуваме: спортот обединува – не дели. Нашата заедничка цел е фер натпревар, меѓусебна почит и достоинствено претставување на нашите бои, – гласи објавата на КФМ.