Полска легенда го советува Левандовски: Соиграчите од Барселона не му ја подаваат топката, време е да си оди

Дерби

03/08/2025

10:44

1.400

Големина на фонт

а а а

Роберт Левандовски се врати на приближно свое ниво во сезоната со Ханси Флик и беше убедливо најдобар голгетер на Барселона, па иако со тоа успеа да ги замолкне критичарите кои бараат негово заминување пред една година, сега пред стартот на новата сезона, пристигна уште една неочекувана изјава од неговата родна земја.

Јан Томашевски е легендарен полски голман и важи за еден од најдобрите во историјата во својата земја, па сега ја искористи својата популарнот во родната земја за да испорача една изјава која отвори голема дебата.

Славниот голман смета дека ветеранот добива своевиден „мобинг“ од младите соиграчи околу него на теренот, а според него, сега е вистинско време за промена и завршна етапа во која ќе заработи многу пари во Саудиска Арабија.


– Роберт треба да ја заврши својата етапа во Барселона уште сега и да замине во клуб каде ќе му биде полесно. Мислам на Саудиска Арабија, тоа веќе го направија голем број познати ѕвезди ширум светот, со исклучок на Меси.

– Да бидеме искрени, Роберт е пред самиот крај. Тој веќе не е толку популарен во актуелни тим, најдобрите играчи на Барселона често не му ја додаваат топката, – вели Томашевски за „Супер Експрес“.