[ВИДЕО] Купиле кауч преку интернет, а потоа следувал шок: „Нешто почна да се движи“

Точка

01/08/2025

19:18

1.185

Големина на фонт

а а а

Купувањето половен мебел преку интернет обично доаѓа со единствена надеж дека производот барем приближно ќе изгледа како на фотографиите.

Но, за овој пар, обичното онлајн купување се претворило во вистинска мала авантура со допир на мистерија.

Купувањето половен мебел преку интернет може да биде практично, но често носи доза на несигурност. И покрај ова, пар од САД не очекувал дека со купување на нов мебел преку „Facebook Marketplace“, ќе добијат неочекуван станар – жива мачка.

Дериан, кој објавува на TikTok под корисничкото име „@derian.and.everlyn71920“, неодамна сподели снимка од необичниот настан кој брзо стана вирален. Во снимката, тој раскажа како тој и неговата партнерка донеле дома кауч купен преку интернет и го ставиле во дневната соба. Меѓутоа околу три часот наутро, нешто наеднаш ги разбудило – нешто се движело помеѓу потпирачот за грб и ѕидот.


Имено сива мачка претпазливо излегла од своето скривалиште, очигледно збунета и изненадена од новата околина. Парот веднаш го контактирал продавачот за да провери дали неговото милениче исчезнало, но неговиот одговор ги запрепастил уште повеќе. Имено тој рекол дека нема мачка.

Така, неочекуваното откритие станало дел од семејството. Парот ја нарекол мачката Меди и решиле да ѝ пружат топол дом. Дериан изјави за „Newsweek“: „Меди е здрава. Таа е неверојатно слатка и нежна. Сега дури има и нова сестричка – Миа“.

Мачката што го освои ТикТок

Настанот предизвика огромен интерес на социјалните мрежи. Снимката објавена на 27 јули собра повеќе од 1,2 милиони прегледи за два дена.

Коментарите се полни со изненадување, воодушевување и хумор.


„Мачката веројатно размислува: „Колку долго спиев? Каде сум јас? Која сум јас?“, напиша еден корисник.

Други истакнаа дека станува збор за среќа во несреќа: „Подобро мачка отколку некои штетници. Мачките се прекрасни суштества“.