Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Макфакс

31/07/2025

13:19

205

Големина на фонт

а а а

Додека Македонија гори, прва во Европа по изгорена територија Миле Лефков и ВМРО-ДПМНЕ лажат, манипулираат и спинуваат за да ја покријат својата непособност. Човекот кој месеци молчеше и се криеше од сопствените сограѓани во Кочани, сега повторно излегува да сее лаги, да манипулира и да спинува, кажа на прес-конференција Трајче Стојчевски претседател на СДММ.

Тој праша, со кое лице и зошто Миле Лефков денес се појавува, а после трагедијата во дискотеката „Пулс“ го снема.

„Дали затоа што бил чест гостин? Дали си правел прослави, забави, а не плаќал? Или како што јавно се зборува затоа што наводно бил на платен список кај еден од сопствениците? Како член на локалниот Совет за превенција во Кочани, Миле Лефков знаел што се случува во дискотеката во Пулс. Ама молчел. Нека излезе пред граѓаните и нека каже зошто молчел и кого штител“, повика Стојчевски.

Како што кажа, Лефков не донирал ниту денар за настраданите во Кочани. Напротив, вели тој, јавно тврдеше дека со Законот за помош на семејствата се „рушел правниот поредок“.

„И сега, истиот тој Лефков, лажно обвинува од прес-сала, покажува монтирани фотографии и се надева дека граѓаните забораваат.

Наместо да се крие зад фабрикувани лаги на партиски прес-конференции, Миле Лефков нека излезе пред граѓаните и нека одговори. Нека се соочи со вистината. Ова не се прашања на СДСМ. Ова се прашања на народот. Прашања на совеста“.

Според него, Лефков е симбол на сѐ што не смее да биде македонскиот пратеник: бегство, ароганција, молк за вистината и партиска лојалност пред човечка совест.

„Но Лефков има еден голем проблем – граѓаните не забораваат“.