Купување стан, невозможна мисија: Еве каде цените на становите се 15 пати повисоки од платите на граѓаните

Точка

01/08/2025

10:20

1.507

Големина на фонт

а а а

Според истражувањето на Центарот за демографија и политика при Универзитетот „Chapman“, купувањето куќа во четири големи калифорниски града – Сан Хозе, Лос Анџелес, Сан Франциско и Сан Диего, е прогласено за практично „невозможна мисија“.

Во анализата на 95 пазари на недвижности во текот на третиот квартал од 2024 година, ниту еден пазар не е оценет како „достапен“. За таква оцена, просечната цена на куќа треба да биде најмногу три пати повисока од просечната годишна заработка на жителите во тоа подрачје. Сепак, на листата доминираат градови каде цената на куќа е најмалку девет пати повисока од просечната заработка, пишува „Bizlife“.

Најскапиот пазар на недвижности во светот е Хонгконг, каде цената на куќа е дури 14,4 пати повисока од просечната плата. Следат Сиднеј, Сан Хозе и Ванкувер, а во првите 10 се и Хонолулу, Сан Франциско, Мелбурн и Сан Диего.


Топ 10 најнедостапни пазари на недвижности:

• Хонгконг – 14,4 пати повисока цена од приходите

• Сиднеј – 13,8

• Сан Хозе, Калифорнија – 12,1

• Ванкувер, Канада – 11,8

• Лос Анџелес – 11,2

• Аделаида, Австралија – 10,9

• Хонолулу – 10,8

• Сан Франциско – 10

• Мелбурн, Австралија – 9,7

• Сан Диего, Калифорнија – 9,5


Зошто се цените толку високи?

Според истражувањето, виновници за високите цени се политиките за урбанистички развој. Многу власти го ограничуваат ширењето на градовите кон периферијата, што некогаш беше стандарден начин за раст на урбаните средини. Во Калифорнија, на пример, сè повеќе закони ги заштитуваат природните земјишта и ја поттикнуваат изградбата на повеќекатни згради и помали станбени единици.

Сепак, авторот на извештајот, Вендел Кокс, предупредува дека оваа нова градба често не одговара на потребите на средната класа, становите се мали, а цените високи.

Недостигот од достапни недвижности сериозно ја погаѓа средната и работничката класа.