На фестивалот на брзина во Гудвуд, меѓу бројните хиперспорски автомобили, титулата најбрз ја понесе "Koenigsegg".
Станува збор за конкуренција на сериски возила, иако хиперспортскиот автомобил на "Koenigsegg" е тешко да се доживее како таков. Сепак, најавени се 30 примероци и како сите може да носат регистарски таблички, зборуваме за сериски производствен автомобил. А тоа е "Sadair’s Spear", односно најрадикалниот хиперавтомобил на "Koenigsegg" досега.
Оваа екстремна преработка на инаку бруталниот модел "Jesko Attack" стана најбрзиот патнички легален сериски автомобил што ја совлада познатата патека. Патеката ја помина за само 47,14 секунди, со што го победи претходниот рекордер, "Czinger 21 C", за 1,68 секунди. "Czinger" го постави својот рекорд минатата година, победувајќи го оној на "Rimac Nevera", која ја помина патеката за 49,32 секунди.
"Sadair’s Spear" користи ист 5,0-литарски V8 мотор со двоен турбополнач, но развива дури 1.625 коњски сили и 1.500 Nm. Истовремено е и 35 килограми полесен, па неговата маса изнесува само 1.385 килограми. Автомобилот не е целосно оголен, па така се уште има, на пример, безжично полнење за мобилен телефон.
Стандардно доаѓа со "Michelin Pilot Cup 2" гуми, димензии 275/35/20 напред и 335/30/21 назад. Автомобилот има подобрена аеродинамика која ја зголемува потисната сила при пониски брзини и го подобрува протокот на воздух кон моторот и системите за ладење.
Цената беше околу 3,3 милиони фунти, но тоа е помалку важно бидејќи сите планирани 30 примероци беа распродадени однапред.