ВМРО-ДПМНЕ: Секој студент до 29 години ќе добие ваучер од 250 евра за набавка на таблет, компјутер или лаптоп

Макфакс

16/07/2025

09:53

211

Големина на фонт

а а а

Наместо декларативни изјави како во минатото СДС и ДУИ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата, нуди решенија и покажува вистинска грижа за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секој студент, со навршени 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало.

Сите редовни и вонредни студенти на додипломски студии запишани на државни или приватни факултети во Македонија до наполнети 29 години ќе добијат ваучер од 250 евра (15 300 денари) за набавка на техничка опрема обезбедување на персонален компјутер, таблет компјутер или лаптоп пренослив компјутер.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува изборните ветувања а со овој конкретен проект се обезбедуваат еднакви шанси за секој млад човек. Сите млади ќе имаат еднаков пристап до модерно образование.

Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ продолжува со континуирана поддршка, мерки и проекти со цел задржување на младите и студентите во сопствената држава“, се вели во партиското соопштение.