Модриќ направи хаос на последниот натпревар за Реал, Хрватот бил гневен на двајца соиграчи

Макфакс

13/07/2025

12:45

1.145

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ, еден од најголемите фудбалери во историјата на Реал Мадрид, својата блескава ера во „кралскиот клуб“ ја заврши со пораз и горчлив вкус. Во натпревар кој беше симболично негов проштален, поразот од ПСЖ со 4:0 не беше најтешкиот момент. Она што го потресе Модриќ беше однесувањето на дел од соиграчите.

Според шпанските медиуми, Модриќ бил видно фрустриран по последниот судиски свиреж и во соблекувалната гласно го искажал своето незадоволство од ангажманот на неколку ѕвезди во тимот. Според извори блиски до тимот, Хрватот им префрлил на двајца од најекспонираните фудбалери дека „играле без жар и не покажале доволна борбеност кога било најпотребно“.

По дуелот со ПСЖ имал забелешки за пристапот кон играта кон Винисиус Жуниор и Џуд Белингем. Едноствно им рекол дека не се труделе доволно пред се во одбраната, играле без желба за победа и едноставно „се сокриле“ на теренот кога било најпотребно. Тоа не им се допаднало на двајцата кои реагирале и дошло до мал конфилкт меѓу сега веќе поранешните соиграчи.

Иако натпреварот против ПСЖ беше крај на еден епски циклус, 38-годишниот хрватски ветеран не дозволи емоциите да го спречат да го изрази ставот, дури и на својот последен ден во дресот на Реал Мадрид.

Лука Модриќ за 13 години во Мадрид освои вкупно 28 трофеи, меѓу кои и шест титули од Лигата на шампионите, со што се вброи меѓу најтрофејните и најважните фигури во историјата на клубот.

Во новата сезона, која најверојатно ќе биде и последна во неговата професионална кариера, Модриќ ќе го носи дресот на италијанскиот Милан, каде се очекува да му даде искуство и стабилност на средниот ред.