„Го подготвуваме за православието“: Отец Предраг објавил видео од Мел Гибсон, она што актерот го кажал ги воодушевило сите кои веруваат во Бог

Точка

12/07/2025

12:09

1.158

Големина на фонт

а а а

Отецот Предраг Поповиќ неодамна на својот Инстаграм профил објавил видео во кое Мел Гибсон објаснува како ја поднел загубата на куќата која му изгорела во пожарите на почеток од годинава во Лос Анџелес.

Славниот актер и режисер ја воодушевил јавноста со својата приказна.

Мел изјавил дека чувствувал тага затоа што изгубил многу работи, но и дека го преовладало чувството на блаженство.

Иако меѓу изгорените предмети имало вредни спомени, актерот сфатил дека тоа се само предмети...

Сфатил дека Севишниот Бог на тој начин го подготвува за нешто големо, дека со причина му ги зел тие работи за да се подготви за нешто друго.

„Бог ти дава, Бог ти зема“, порачал Мел Гибсон и потенцирал дека единствено доколку бараме во царството небесно, ќе добиеме тоа што ни е потребно.


„Го подготвуваме за православието“, напишал отец Предраг покрај видеото, а дел од коментарите кои се нашле под него се следните:

„Погледот му е различен. Полн со милост и љубов, сега се гледа неговата вера и душа низ неговите очи“, „Слава му на Бог и благодарам што му даде да ја почувствува православната вера и љубов“, „Говори од срцето и душата“, „Го сакам овој човек“...


Мел Гибсон пред некое време го посети манастирот Хиландар на Света Гора. Се сретнал со игуменот Методие. Причината за неговата посета биле молитвата и духовноста воочи снимањето на филмот „Воскреснување“.

Инаку, Гибсон е христијанин, односно од католичка вероисповед.