Бездомникот стана славен поради својот „златен глас“: А кога ќе ја слушнете неговата приказна, ќе се наежите

Точка

09/07/2025

17:21

915

Големина на фонт

а а а

Видеото кое го прикажува мазниот баритон на еден бездомник го доведе до неочекувана слава и целосен пресврт во животот.

Кога новинар од локален весник го забележал Тед Вилијамс на улица, не можел ни да замисли што му подготвила судбината.

Новинарот снимил кратко интервју во кое Вилијамс држи картонски натпис, објаснувајќи дека некогаш бил радио-спикер, но дека животот му се распаднал. Дрогата и алкохолот му го уништиле животот на Вилијамс, кој е татко на девет деца.


Во разговорот со новинарот рекол:

„Веќе две години сум чист од пороци. Се трудам, и се надевам дека некоја ТВ или радиостаница ќе го чуе мојот глас и ќе сака да снимам нешто за нив.“

Се покажа дека Тед Вилијамс, роден 1957 година во Бруклин, Њујорк, навистина бил професионален радио-спикер сè додека зависноста од дрога и алкохол не го довела до бездомништво во 1990-тите. Во 2011 година, едно локално ТВ видео во кое се слуша неговиот „златен глас“ стана вирално и му донесе национална слава.


Видеото, кое го прикажува Вилијамс како зборува со својот длабок баритон, резултираше со понуди за работа од кошаркарскиот клуб Кливленд Кавалиерс, од компанијата "Kraft Foods" и од телевизијата "MSNBC". Иако имал рецидиви, Вилијамс постигнал трезвеност, напишал автобиографија и денес инспирира други преку хуманитарна работа.

Поранешниот бездомник пристигна во Њујорк како суперѕвезда:

„Ова е просто феноменално, и станува сè поневеројатно со секоја минута“, изјави тогаш Вилијамс.


На крајот, тој ја прифати понудата од Кошаркарскиот клуб Кливленд Кавалиерс, кој му понуди постојана работа како спикер на натпреварите – и куќа за живеење, без обврска да ја отплаќа.

„Ја избрав токму таа понуда, иако имаше многу … Ќе работам во Кливленд, Охајо!“, возбудено изјави Вилијамс.

Неговата неочекувана слава му отвори многу врати, меѓу другото и можност повторно да се сретне со својата 92-годишна мајка.