[ФОТО] Ова не е фустан, ова е уметничко дело: Убавата Албанка воодушеви со модниот избор

Точка

08/07/2025

13:46

1.996

Големина на фонт

а а а

Модната недела во Париз собра бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста, а модната ревија на познатиот бренд „Скјапарели“ претстави неколку интересни, но и смели модни парчиња.

Покрај раперката Карди Би, која ги шокираше сите присутни со своето модно издание и пејачката Дуа Липа пронајде начин да привлече внимание на гореспоменатата модна ревија.




Имено, таа одлучи да се појави во вистинско уметничко дело направено од пердуви. Макси фустанот во бела боја го привлече вниманието на јавноста, а љубопитните набљудувачи не го пропуштија длабокиот изрез и интересното деколте на креацијата.


Пејачката стајлингот го надополни со големи обетки и едноставна шминка во „nude“ тонови, а кога станува збор за стилизирање на косата, популарната пејачка се реши за благо брановидна фризура.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk