Актерката Дениз Ричардс во март признала дека не било лесно да се биде во брак со неа, но дека никогаш нема повторно да се разведе.
Не претпоставувала дека само четири месеци подоцна, нејзиниот сопруг ќе поднесе барање за развод.
Актерката Дениз Ричарс многумина изненадила кога пред четири месеци јавно се заколнала дека никогаш нема да стави крај на бракот со Арон Фајфер со којшто е во брак од 2018 година.
„Не е лесно да се биде во брак со мене. Не е, кажав. Но, тоа е тоа. Завршив“, изјавила актерката во март во епизодата од својата реалити серија „Denise Richards & Her Wild Things“.
„Да, никогаш повеќе нема да се разведам. Дури и доколку се мразиме, нема да го направам тоа. Не, само ќе имаме различни домови или нешто слично. Но, нема да се мразиме“, изјавила актерката тогаш алудирајќи на својот брак со актерот Чарли Шин.
Таа за него се венчала во 2002 година, а поднела барање за развод од брак во 2005 година додека била бремена. Од бракот, актерката има две ќерки: Семи (21) и Лола Роуз (20).
Меѓутоа, никогаш не вели никогаш се докажало за вистинито и во нејзиниот случај, па само четири месеци после оваа изјава на актерката, нејзиниот сопруг Арон поднел барање за развод.
По речиси седум години брак, Арон сака да се разведе, а поднесувањето на документите за развод го потврдил на 7 јули во Лос Анџелес.
Тој како датум за разведување го издвоил 4 јули 2025 година наведувајќи ги „ненадминливите разлики“ како причина за нивниот развод. Тој бара алиментација тврдејќи дека нивните месечни трошоци изнесуваат вкупно 105.000 долари.
Фајфер побарал Дениз и тој да ја поделат својата компанија „Smoke & Mirrors Entertainment“ на половина.
Според судските документи, Арон Фајфер и Дениз немаат заеднички малолетни деца, но познато е дека Фајфер во 2019 година бил во процес на посвојување на Елоиз Јони, најмладата ќерка на Дениз која актерката ја посвоила во 2011 година.
„Тој е прекрасен татко. Одличен е со моите ќерки“, изјавила Дениз во 2019 година.