[ВИДЕО] Контроверзната водителка повторно без влакна на јазикот, овојпат на сметка на младата актерка: „На венчавката на Безос беше поканета само поради огромните гради“

Точка

03/07/2025

20:26

1.869

Големина на фонт

а а а

Актерката Сидни Свини присуствуваше на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција минатата недела, а нејзиното неочекувано пристигнување предизвика многу дискусии.

Својот коментар за нејзиното пристигнување го сподели и водителката Мегин Кели, која тврди дека Сидни била поканета на свадбата поради големината на нејзините гради, пренесува „Пејџ Сикс“ (Page Six).

„Сидни Свини е новата голема ѕвезда во градот затоа што има огромни гради со кои сите се опседнати. Како заврши таму? Да ми кажевте дека се колеги на Лорен Санчез од нејзината прва работа, тоа е нормално. Тоа би го направил вистински пријател, би поканил долгогодишни пријатели. Или, кога Џеф Безос првпат го основал Амазон, да, во ред, го разбирам тоа. Дури и Бил Гејтс беше таму, тоа е во ред, голем технолошки титан“, рече таа.


Како што неодамна објави „Пејџ Сикс“, актерката била поканета на свадбата бидејќи ја добила главната улога во претстоен филм на „Amazon MGM“. Извор рекол дека Сидни „не е пријателка ниту со едната ниту со другата страна“, но дека присуствувала на свадбата за да „му оддаде почит на шефот, како во старите холивудски времиња“.


Свини го украде шоуто на предсвадбената забава во четврток. Следниот ден, на церемонијата, таа блескаше во долг розов фустан. На свадбата, според странските медиуми, таа танцувала со Том Брејди, а се дружела и со Орландо Блум, кој неодамна се раздели од Кети Пери.


„Таа е точно таму каде што сака да биде. Повеќето луѓе би се чувствувале преоптоварени со работниот распоред што го има оваа година, но не и Сид. Таа е целосно зафатена со работа во моментов и многу возбудена за сите свои проекти“, изјавија претходно извори.