Ѓоковиќ: Ја применувам теоријата на Коби Брајант во оваа фаза од мојата кариера

Дерби

03/07/2025

11:25

460

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ се обидува да остане топол и максимално достапен за сите тениски фанови по крајот на мечевите, а во оваа подоцнежна фаза од кариерата, самиот вели дека му станало посебно важно да остане на теренот во било какви услови, дури и во ситуација кога нема доволно енергија.

Србинот имаше проблеми и мала криза во првото коло на Вимблдон, но ја надмина истата и излезе како победник по којзнае кој пат во кариерата, па сега за „Спорт Клуб“ откри дека во такви ситуации, посебно се сеќава на зборовите на неговиот идол, Коби Брајант.

– Кога не се чувствувам добро и кога не ми оди, секогаш се обидувам да помислам на фактот дека некои луѓе дошле на трибините само за да ме гледаат мене.

– Се сеќавам дека Коби Брајант некогаш зборуваше за оваа филозофија, а јас целосно се согласувам со неа. Се сеќавам на приказната кога му кажале дека не треба да игра на натпревар поради дислоциран прст, а неговиот одговор гласел: „Морам да играм, што е со тоие луѓе кои купиле билет еднаш во животот за да ме гледаат мене и Лејкерси“?

– Така размислувам и јас во оваа фаза, поготово во овие години кога не се знае уште колку долго ќе играм. Луѓето доаѓаат со голема возбуда да ме гледаат и поддржуваат, а јас се обидувам да возвратам со добар тенис и директен и индиректен контакт, – изјави Новак за „Спорт Клуб“.