Човек трпел болки пет години, "ChatGPT" му го решил проблемот: Нови прашања за улогата на вештачката интелигенција во животот на луѓето

Точка

01/07/2025

17:42

465

Големина на фонт

а а а

"AI" моделот прецизно го опиша потенцијалниот проблем и понуди решение што го елиминираше болката за една минута.

По пет години постојана болка во вилицата и фрустрирачки звук на „крцкање“ при џвакање, еден корисник, кој не успеал да добие јасна дијагноза од лекарите, во очај се обратил на "ChatGPT" – и за неколку секунди добил решение.

"AI" моделот точно го идентификувал можниот проблем како поместена, но сè уште подвижна зглобна плочка и предложил едноставна вежба. Резултатот? Болката исчезнала за помалку од една минута, а проблемот што траел со години бил решен речиси веднаш.


Оваа приказна предизвика големо внимание во Силициумската долина и пошироко, со реакции од влијателни технолошки лидери како Рид Хофман (основачот на LinkedIn), кој овој случај го нарече доказ за вистинските способности на вештачката интелигенција.

Според него, ова не бил случаен погодок, туку показател дека "AI" моделите – во одредени ситуации – можат да бидат покорисни и од медицински експерти, не затоа што знаат повеќе, туку затоа што поврзуваат информации од милиони корисници и искуства низ годините.


Случајот отвори поширока расправа за начинот на кој луѓето ја користат вештачката интелигенција, особено кај помладите генерации. Додека постарите ја гледаат како подобрена верзија на пребарувач, помладите ја користат како личен советник: за дилеми околу студии, односи на работа, љубовни проблеми, па дури и здравје – како во овој случај.

Директорот на "OpenAI", Сем Алтман, нагласува дека најголемата сила на овие модели е нивната способност да го разберат контекстот: корисничкото минато, навиките, врските – и врз основа на тоа да понудат персонализирани, обмислени совети. Тие се достапни 24/7, не осудуваат и учат од огромна база на искуства од други.


Секако, ваквите случаи не значат дека треба да се занемарат лекарите, но укажуваат на потенцијалот на "AI" системите како дополнителна, достапна поддршка – особено кога традиционалните патишта не даваат резултат, пренесува "CMU".