Шпанскиот шампион Барселона сака да ја освежи, засили екипата на неколку позиции, а главен за тие операции е спортскиот директор Деко.
Деко веќе ја заврши работата со Жоан Гарсија кој треба да биде прв голман на каталонците од натпреварувачката 2025/2026, меѓутоа Шпанецот нема да биде единствено ново име во составот со тоа што веќе едно на големо се најавува.
Се работи за офанзивецот на Атлетик Билбао Нико Вилијамс, играч кого Барса го бркаше и минатото лето, меѓутоа не се поклопија коцките за негов трансфер, ама сега ситуацијата е поинаква и првакот е во пол позиција за фудбалерот кој е интересен за повеќе клубови од Топ 5 лигите во Европа.
- Треба да се засилиме на оваа позиција. Како крилни играчи, ги имаме само Јамал и Рафиња. Оттаму, има имиња што излегуваат и се ќе се сведе на цена и квалитет. Нико беше таму минатата година, но за мене, во тоа време, Дани Олмо беше приоритет. Сега, исто како и со другите играчи, Нико покажува силна желба да дојде… И ако се исполнат вистинските услови во неговиот случај, дефинитивно ќе се обидеме да го комплетираме договорот.
- Постои процес со секое потпишување: разговор со агенти, клубови, познавање на договорната ситуација… Случајот на Нико е јасен бидејќи има клаузула за откуп. Се сретнавме со неговиот агент за да видиме што сака и ќе видиме дали е можно, - обелодени Деко за весникот „Ла Вангардија“.
Вилијамс има договор со Атлетико до 2027 година, но и откупна клаузула во истиот вредна 58 милиони евра.