Алонсо со критики за младата ѕвезда на Реал: Не требаше да ја направи таа грешка, важно е…

Дерби

23/06/2025

11:51

370

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид дојде до првиот триумф на Светското клупско првенство и тоа против мексиканска Пачука која ја доби со 3-1.

Овој резултат е исклучетелно важен за „кралевите“ ако се земе предвид дека до истиот дојдоа со десетмина на теренот затоа што уште од раната фаза, седмата минута беше исклучен дефанзивецот Раул Асенсио.

Асенсио направи наивна грешка слична како на претходниот меч против Ал Хилал кога направи пенал со тоа што овојпат искусниот Рондон го „намести“ да биде исклучен, меѓутоа за среќа соиграчите се снајдоа и без него, ги искористија шансите и дојдоа до триумф со кој сега се на прво место во групата Х.

- Ќе разговарам со Раул Асенсио, но сигурно е дека треба да учи од вакви искуства. Асенсио не требаше да ја направи таа грешка. Важно е тоа да го знае. На почетокот на мечот треба да ризикувате, ама немојте да правите фаул за црвен картон. Тој е сè уште млад и ова е искуство за кое треба да се размислува за во иднина, - истакна тренерот Чаби Алонсо.

И голманот Тибо Куртоа исто имаше забелешки за грешките на соиграчот, но исто така посочи дека дефинитивно ќе научи од истите и нема да ги повторува во иднина.