Ерлинг Халанд е еден од најдобрите светски напаѓачи, фудбалер кој прави разлика во Манчестер Сити и во репрезентацијата на Норвешка.
Неговиот квалитет, знаење и умешност е на највисоко ниво, па често знае да се говори за неговата иднина на „Итихад“ иако тој во ниту еден момент не дал повод за тоа и најдобра потврда за тоа е фактот дека има договор до 2034 година.
Меѓутоа наводно се говори за некаква специјална клаузула која постои ако на вратата на Сити затропаат клубови како Барселона и Реал Мадрид, но Ерлинг има јасен став на работи и тоа го потврди неговиот татко.
- Тој е среќен. Сега е фокусиран и фокусиран на Светското клупско првенство и… да, тој е среќен, - вели Алф Инге кој смета дека премиерлигашот е фаворит за пехарот на СКП.
- Мислам дека тие се фаворити за освојување на овој турнир. Гледаме неколку добри натпревари. Да, мислам дека се меѓу фаворитите. Мојот син е многу среќен во Манчестер Сити. Многу е среќен, - порача Халанд сениор за „Марка“.