Хаос во Салерно: Сампдорија на Секулов обезбеди опстанок во Серија Б

Дерби

23/06/2025

11:30

128

Големина на фонт

а а а

Некогашниот италијански шампион, Сампдорија успеа да избегне црно сценарио и ќе игра во Серија Б и во натпреварувачката 2025/2026.

Сампдорија испадна од лигата во регуларниот дел од сезоната, но финансиските неправилности на Бреша доведоа до одземање бодови за тимот од Ломбардија кој беше испране во Серија Ц, односно со ова се отвори можност за составот од Џенова да остане во второлигашката конкуренција.

За тоа сценарио мораше да го добие бараж двомечот со Салернитана, нешто што се случи со тоа што вчерашниот реванш не беше доигран.

Тимот од „Луиџи Ферарис“ до доби првото соочување со 2-0, а и вчера водеше со 2-0 во Салерно по што на сцена стапија домашните навивачи кои почнаа да искажуваат незадоволство, да фрлаат фрлаа петарди, димни бомби и седишта на теренот, ситуација по која полицијата мораше да реагира.

Откако апелите за смирување не дадоа резултат, судијата официјално го прекина натпреварот во 65 минута што по рпавилата значи службена победа на Сампдорија од 3-0, а пак за Салернитана билет за Серија Ц.

Инаку за потсетување, Самп е тим за кој настапува Никола Секулов, фудбалер со македонски корени кој одлучи да настапува за Италија.