Белингем ќе отсуствува два месеци на почетокот од новата сезона

Макфакс

23/06/2025

11:06

89

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе го попушти почетокот на новата сезона. Англискиот репрезентативец ќе оди на операција на рамото.

Според шпанските медиуми, Белингем ја закажал операцијата една недела по финалниот натпревар од Светското клупско првенство, за секој случај, доколку Реал се пласира во финалето.

Според неофицијални информации, по операцијата, Белингем ќе се рехабилитира до октомври, поради што ќе ги пропушти натпреварите на Реал Мадрид, како и репрезентацијата на Англија во квалификациите за Светското првенство.

„Дојдов до точка каде што болката не е толку неподнослива. Губам тежина бидејќи се потам прекумерно и затоа ќе морам да се оперирам по Светското клупско првенство. Долго чекав на оваа процедура и полека губам трпение, но лекарите и физиотерапевтите одлично си ја вршат работата. Само сакам повторно да се чувствувам слободно на теренот“, изјави Белингам за медиумите по победата над Пачука (3:1).