Гундоган во Галатасарај, Антони во Фенербахче, Ангиса во Бешикташ

Макфакс

14/06/2025

13:09

622

Големина на фонт

а а а

Најпопуларните турски клубови, големите ривали од Истанбул: Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ исклучително се активни во преодниот рок.

Галатасарај, освојувач на дуплата круна, постигнал договор со искусниот Илкај Гундоган. Во следните неколку дена ќе потпише едногодишен договор по медицинските прегледи, ќе заработи пет милиони евра.

Поранешниот германски репрезентативец минатата сезона играше за Манчестер сити, реши да замине во Турција откако клубот не му понуди нов договор.

Бразилецот Ентони се врати во Манчестер Јунајтед од Бетис, каде што блескаше, но според англиските медиуми, тој нема да се задржи на „Олд Трафорд“. Бразилскиот офанзивен играч за врска ќе ја помине следната година на позајмица во Фенербахче како играч на „црвените ѓаволи“. Договорот меѓу двата клуба е постигнат, а финализирањето се очекува во следните неколку дена.

Еден од клучните играчи на Антонио Конте во походот на шампионската титула во Серија А, Франк Ангиса го напушти Наполи. Ангиса му се приклучи на Бешикташ.

„Црно-белите“ од Истанбул за трансферот на Ангиса издвоија 10 милиони евра, Наполи преку бонусите може да инкасира уште два милиони евра.