Иран: Одмаздата против Израел почна

Макфакс

13/06/2025

21:31

6.290

Големина на фонт

а а а

Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел, што Техеран го опишува како почеток на својата разорна одмазда за израелските напади.

Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел, што Техеран го опишува како почеток на својата разорна одмазда за израелските напади.

„Пред неколку моменти, со лансирање на стотици различни балистички ракети кон окупираните територии, започна операцијата на решителен одговор на варварскиот напад на ционистичкиот режим“, објави официјалната иранска новинска агенција ИРНА.

Како што јави Хаарец, израелската армија најави дека ќе се огласат сирени за воздушен напад низ целата земја и ги повика граѓаните веднаш да одат во засолништата. Тие додаваат дека повеќе од 100 ракети биле лансирани од Иран, а сирените се огласиле низ Израел.


Главниот дописник на Гардијан за Блискиот Исток, Ема Греам-Харисон, известува од Тел Авив дека над градот се слушаат бројни пресретнувања на ракети. Eксплозии одекнаа во Ерусалим, јавува „Си-ен-ен“.

Огромни облаци од чад се издигнуваат над Тел Авив, видливи над облакодерите во центарот на градот.

Чадот е толку густ што целосно се надвива над високите згради околу него.


Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека бран ракети бил лансиран кон Израел.

„Нападот е во тек“, се вели во објавата.

Телевизијата Канал 13 известува за пожар во близина на седиштето на израелското Министерство за одбрана во Тел Авив, додека Израел Хајом јавува дека ракети паднале на седум различни локации во централниот дел на земјата.