Иран бара итна седница на Советот за безбедност на ОН

Макфакс

13/06/2025

10:35

212

Големина на фонт

а а а

Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се разговара за израелските напади на терен, соопшти иранската мисија во ОН за Си-ен-ен.

Во утринскиот израелски напад врз висока локација во Иран, убиени се бројни команданти, научници и цивили, објави иранска агенција.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно објавија дека од Иран кон Израел биле лансирани над 100 беспилотни летала и дека израелските воздухопловни сили (ИРА) ги пресретнале.

Владата на Иран објави дека израелскиот напад врз таа земја, во кој биле убиени неколку ирански генерали, научници и граѓани, докажал дека „нелегитимниот режим“ не почитува никакви меѓународни правила или закон.