Ова е најздравиот појадок којшто постои – ги чисти цревата, дава чувство на ситост, а може да се јаде на многу начини

Точка

13/06/2025

10:07

1.809

Големина на фонт

а а а

Пченкарното брашно или гризот позитивно влијаат на општото здравје на луѓето. Палентата не содржи глутен, па со години се препорачува на оние кои се чувствителни на глутен, заситува и е одлична за луѓето на различни возрасти.

Се верува дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, а докторите ширум светот се согласни дека ова е најздрава варијанта со која треба да го започнете денот.


Палентата е совршен оброк за појадок затоа што е лесен, дава сила и чувство на ситост за напорниот дел од денот    . Иако некогаш често била на трпезите, сега е малку заборавена намирница, но никогаш не е доцна повторно да ја сместите на вашето мени.

Таа претставува многу здрава намирница која се прави од пченкарен гриз, а може да ја најдете и во ќесички и во разни пакувања, исто така се подготвува на најразлични начини.

Пченкарното брашно или гризот позитивно влијае на општото здравје на луѓето, не содржи глутен и е одлична за јадење.

Таа содржи природни масти, односно каротеноиди, а токму тие здрави масти се заслужни за подобро функционирање на нашите црева. Пченката исто така содржи голема количина фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.

Благодарение на пченката, палентата има малку калории, па е идеален оброк и за слабеење. Една од најдобрите и најефикасни намирници кои се препорачува за консумирање затоа што се подготвува брзо и лесно, а вкусот е многу пријатен и благ, заситува и не создава чувство на тежина во стомакот.


Палентата треба да ја консумирате барем еднаш неделно затоа што ги чисти цревата и го забрзува метаболизмот, а целосно е непотребно да се зборува колку е поздрава од печивата кои ги купувате во пекарница.

За една порција ставете два децилитри вода да зоврие, ставете пола лажичка сол и лажичка масло. Кога водата ќе зоврие, тргнете го тенџерето од рингла и измешајте ја. Во неа може да додадете сирење, кајмак, ленено семе, ајвар, а може да ја изедете со чаша топло млеко.