[ФОТО] Наместо скандал, модна магија: Ќерката на Мајкл Џексон ги „маѓепса“ сите

Точка

10/06/2025

09:09

1.040

Големина на фонт

а а а

Ќерката на познатиот пејач Мајкл Џексон, Парис, прошета по црвениот килим на фестивалот Трибека заедно со нејзиниот свршеник Џастин Лонг.

Двојката привлече големо внимание главно поради нивните усогласени модни изданија, иако таа често е главна тема поради нејзиниот смел избор на облека.


За оваа пригода, Парис избра фустан со цветни мотиви кој совршено го истакна нејзиниот уметнички дух, додека Џастин позираше во класично црно одело и беше сосема лежерен.


Инаку не постојат многу детали за нивната врска, а не е познато ни кога точно ја запросил, едноставно сите го забележале прстенот на нејзината рака претходно оваа година. Се претпоставува дека ја започнале врската во 2022 година.

Пет години „чиста“

Парис привлече големо внимание и со емотивна објава кога откри дека точно пет години не консумирала дрога и алкохол.


„Јас сум алкохоличарка и зависничка од хероин. Денес се навршуваат пет години откако сум чиста и трезна од сите дроги и алкохол“, напиша таа во описот.

Парис дури и неколку пати се обидела да се самоубие поради депресија, а и јавно прозборе за тоа. По сите проблеми, се чини дека конечно пронашла среќа и мир.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk