Која е Александра Круниќ: Србинката во полуфиналето на Ролан Гарос – Русите ја учеле да биде Курњикова, Србите ја „украле“

Точка

04/06/2025

20:25

3.448

Големина на фонт

а а а

Александра Круниќ оствари еден од најголемите резултати во својата кариера, пласирајќи се во полуфиналето на Ролан Гарос заедно со Ана Данилина од Казахстан.

Заедно со својата партнерка, српската тенисерка ги победи првите носителки Катерина Синијакова и Тејлор Таусенд во четвртфиналето со 7:5, 4:6, 6:2.


Досега, Данилина и Круниќ најпрво ги победија Магда Линет и Бернарда Перу, потоа Јанг и Ву, а потоа Мухамед и Шурс, па сега ги очекува натпреварот на кариерата и шанса за финале на гренд слем. Но, која е хероината на Србија која успеа да се пласира во полуфиналето пред Новак Ѓоковиќ?


Започнала таму каде што започнале Сафин и Курњикова

Александра Круниќ има 32 години, висока е 163 сантиметри и професионално игра тенис од 2008 година. Интересно е што е родена во Москва, а освен српски, течно зборува словачки, руски и англиски јазик.


Почнала да игра тенис на седумгодишна возраст и тренирала во Спартак од Москва. Таму, своите први чекори ги направиле и тениските великани како Ана Курњикова, Елена Дементиева, Марат Сафин и Анастасија Мискина. Иако имала понуди од Русија, Круниќ ја избрала Србија, а од почетокот на кариерата играла одлично во парови.

Таа доби покана од Дејан Вранеш да игра за Србија во 2010 година заедно со Јелена Јанковиќ и Ана Ивановиќ, а тренираше за Црвена звезда во Србија. Досега во кариерата, во сингл конкуренција успеала да стаса до четвртото коло на УС Опен во 2014 година, но во парови успеала да стса до четвртфиналето насекаде освен во Њујорк. Има седум титули во парови, од кои две дели со Катерина Синијакова, а останатите со Ксенија Кнол, Шуко Аојама, Нина Стојановиќ, Магда Линет и Сабрина Сантамарија.


„Ќе направам подобар распоред кога ќе завршам со заштитениот ренкинг. Сега бркам турнири. Не е паметно, никогаш не сум го правела тоа, но сакам да завршам пред Вимблдон. Изморена сум, ментално, под притисок сум. Сè ми се насобра. Треба да застанам, да почнам да тренирам, да подобрам некои работи, немам време за тоа. По Вимблдон, ќе направам подобар план, кога ќе го знам ренкингот по турнирот. Тогаш ќе бидам попаметна“, рече Александра Круниќ минатата година откако загуби во првото коло на Ролан Гарос. Очигледно дека оттогаш успеала многу да ја подобри играта.