Филмската ѕвезда на „Марвел“, актерот Џереми Ренер, доживеа страшна несреќа на 1 јануари 2023 година, кога беше прегазен од неговата голема машина за чистење снег тешка околу 6,5 тони.
Актерот се обидувал да му помогне на својот внук да се извлече од снегот во близина на неговиот дом во езерото Тахо кога бил згмечен од машината. Во таа прилика, тој претрпел сериозни повреди – фрактура на осум ребра на 14 места, скршено десно колено и зглоб на глуждот, скршена тибија на левата нога, скршен зглоб на левиот глужд, скршена десна клучна коска, скршено десно рамо… Накратко, имал 38 скршени коски, бил на апарати за дишење три дена, а потоа бил клинички мртов.
Jeremy Renner On Being Revived After Snowplow Accident: "I Didn't Want To Come Back" https://t.co/u70gas4KRX
— Deadline (@DEADLINE) May 22, 2025
Во интервју за поткастот на Кели Рипа „Let’s Talk Off Camera“, актерот отворено зборуваше за моментот кога бил „на другата страна“, но и за чувството на мир што целосно го обзело, пренесува „Дедлајн“.
„Тоа беше највозбудливото чувство на мир што можете да го замислите. Беше како да сум ослободен од своето тело. Беше величествено, магично“, рече тој, а потоа откри дека не сакал да се врати назад.
„Кога ги отворив очите, ги видов нозете и помислив колку ќе ме болат повредите подоцна. Бев бесен што ме разбудија од мојот мир, не сакав да се вратам, а потоа помислив, ако веќе сум се вратил, сакам да можам да живеам според свои услови како капетан на мојот брод – без разлика дали ќе се качам на него или ќе излезам од него, не ми е гајле. Ќе го живеам животот според свои услови, а не за некој друг“, рече актерот, додавајќи:
„Таму каде што бев накратко, нема време. Нема јазик, нема мисла. Само чисто постоење и сеопфатно знаење.“