Вработени во РЕК „Осломеј“ не оделе на работа, а примале плата – поднесени пријави против директори

Макфакс

22/05/2025

14:41

260

Големина на фонт

а а а

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(49) од Кичево и Н.Н.(36) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против В.Ј.(62) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и С.С.(61) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Според информациите на МВР, прво и второпријавениот, во својство на директори на РЕК Осломеј – Кичево, во периодот од 02.09.2022 до 26.10.2023 им овозможиле на двајца работници да земаат плата во цел износ и покрај тоа што отсуствувале повеќе од три последователни или вкупно пет работни денови во текот на една година. На тој начин го оштетиле јавното претпријатие за вкупно 597.080 денари.

„Пријавената В.Ј., како одговорно лице во јавното претпријатие, не извршила надзор и контрола над доаѓањето и одењето од работа на работник, ниту пак извршила должен надзор и контрола над работењето на четвртопријавената, која, во својство на работник евидентичар, во лажна исправа внела невистинита содржина дека работникот е присутен на работа иако отсуствувал од работа вкупно 78 работни денови, по што исправата ја употребила како вистинита и му овозможила на лицето да се стекне со противправна имотна корист во износ од 227.771 денари“, велат од МВР.