[ВИДЕО] Чие е ова време? „PenZy vs. GenZy“ на Халкбанк во потрага по одговорот на вечното прашање

Точка

14/05/2025

14:16

151

Големина на фонт

а а а

Постојат ли воопшто „старите добри времиња“? Ќе дојдат ли некои нови подобри, или веќе ги живееме? Носталгија или оптимизам за иднината – што е посилно?

Ќе се разберат ли некогаш генерациите што ретко зборуваат заеднички јазик?

Халкбанк заедно со популарните јутјубери Бајкерот и Кросфитерот се во потрага по одговорот на овие прашања, поставени во форма на дискусија во која сите страни се еднакво вклучени.

На каналот на Јутјуб на Бајкерот и Кросфитерот се наоѓа првата епизода од серијалот „PenZy vs. GenZy“ – отворена и искрена дискусија на теми што вклучуваат животни перспективи, генерациски разлики (и сличности), итн.


Овој серијал, поддржан од Халкбанк, вклучува гостувања на етаблирани личности од македонската сцена – претставници на т.н. генерација PenZy, како и млади перспективни претставници од т.н. генерација Gen Z.

„PenZy vs. GenZy“ – во самото име се наоѓа објаснувањето на идејата зад овој проект. Централен мотив на овие живи дискусии е прашањето: чие е ова време? Златните времиња се студентските денови, или пензионерските? Дали романтизираме кога мислиме на минатото? Еден куп прашања, за кои љубопитно ги чекаме одговорите и од сè срце уживаме во отворениот разговор помеѓу генерациите што навидум тешко комуницираат меѓу себе. Или, можеби, и тоа е уште еден мит што вреди да се разниша? Се надеваме дека безбедниот и отворен простор што Халкбанк го креира заедно со Бајкерот и Кросфитерот ќе биде местото каде што ќе се сретнат младоста и мудроста, а и каде што ќе дојдеме до одговорите на овие прашања.


„Ова е твое време“ е токму и името на актуелната финансиска иницијатива на Халкбанк, со која секој пензионер може да ужива во златните поволности на пакетот ПЕНЗИ, кои вклучуваат:

- Исплата на пензија пред секој први во месецот;

- Подарок за секој нов корисник;

- Повлекување готовина од сите банкомати во земјата – без провизија;

- Бесплатна дебитна картичка MasterCard;

- Бесплатно е-банкарство и СМС-инфо.

Повеќе информации за пакетот ПЕНЗИ може да добиете во најблиската филијала на Халкбанк, како и на веб-страницата на Банката.

Комерцијален текст