Еве кога ќе биде познато дали Путин ќе се сретне со Зеленски

Точка

13/05/2025

22:37

1.688

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го очекува својот руски колега Владимир Путин на преговори во Турција во четврток и нагласи дека нема да преговара со никој друг.

Висок американски функционер денес изјави дека Вашингтон не очекува Москва да ги објави своите планови пред раното четврточно утро. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера рече дека ќе отпатува во Истанбул на состанокот, доколку биде потребно. Трамп оваа недела е на Блискиот Исток, каде ќе се сретне со официјални лица од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар.

Американските претставници за време на викендот го повикале Зеленски да прифати средба со Путин во Истанбул и јавно да ги објави своите намери, со цел отворено да демонстрира подготвеност за мировни преговори со Москва.


Вашингтон се надева дека Русија ќе се согласи на сеопфатен 30-дневен прекин на огнот – на копно, во воздухот, на море и во зоните со критична инфраструктура, изјави висок американски функционер. Тој додаде дека Киев веќе се согласил да го почитува ваквиот договор. Примирјето го поддржуваат и европските партнери.

Во случај Русија да одбие примирје, Европската Унија ќе воведе дополнителни санкции кон Москва, потврдија за Ројтерс висок американски и висок европски функционер. Новиот пакет санкции ќе биде насочен кон таканаречената руска „сенка флота“.


Америка потврди: Ако дојде Путин, доаѓа и Трамп

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат на присуство на Владимир Путин во Истанбул на преговорите. Доколку се случи тоа, рече тој, ќе присуствува и претседателот Трамп.

„Сакаме да постигнеме сеопфатен прекин на огнот во Украина, а дури потоа да се отвори прашањето за територијата,“ изјави Келог во интервју за "Fox Business".


Американските медиуми претходно објавија дека одлуката на Трамп да отпатува во Истанбул зависи од тоа дали Путин ќе се појави на разговорите. Администрацијата на Трамп претходно денес потврди дека ќе ги испрати Кит Келог и Стив Виткоф во Турција како претставници на САД на потенцијалните преговори меѓу Русија и Украина.