Аморим не отрфла брзо заминување од Јунајтед: Засрамен сум, ако не се променат нештата…

Дерби

12/05/2025

11:40

613

Големина на фонт

а а а

Рубен Аморим мораше да се соочи со нов болен пораз на домашниот „Олд Трафорд“ во Премиер лигата, овојпат во натпревар на кој Манчестер Јунајтед играше против тим кој беше две места подоле на табелата.

Вест Хем успеа да слави со 0:2 и да ги мине Тотенхем и Јунајтед на првенствената табела, па по комплетираното 36-то коло во Премиер лигата, великанот од Манчестер падна на 16-то место.

„Ѓаволите“ вчера ја продолжија агонијата и го претрпеа 17-от пораз во домашното првенство оваа сезона, а иако истата може да биде спасена со трофеј во Лига Европа и излез во Лига на шампиони, Аморим вели дека е засрамен од размислувањето и изгледот на неговиот тим, поради што не исклучи и брзо заминување доколку работите не се променат на стартот на наредната сезона.

– Засрамен сум кога ја гледам првенствената табела во Премиер лигата. Тешко е да се прифати ова и навистина се чувствувам засрамено.

– Сите зборуваат за финалето и се вели дека веќе не ни е важна Премиер лигата, но тоа е најпогрешното можно размислување. Финалето не е тема на разговор сега, имаме многу поголеми проблеми за решавање, потребни се позначајни промени на крајот од сезоната.

– Не зборувам само за играчите, зборувам за мене, за културата на клубот, за ставот и размислувањата во соблекувалната. Ако ја почнеме следната сезона со истиот став и со ваква атмосфера, тогаш можеби ќе биде добро да дојде некој друг на мое место. Мораме да бидеме храбри ова лето, едноставно не смее да ни се повтори ваква сезона, – изјави Аморим.