Жоан Зарко е сензационален победник на трката за Големата награда на Франција, не само поради тоа што стана првиот Французин кој победил по 1954-та година, туку и поради фактот што одбрани еден историски рекорд на Хонда, кој денеска Дукати можеше да го испрати во втор план.
Возачите на Дукати имаа 22 победи во низа во Мото ГП класата до овој викенд, па иако желбата беше да дојдат до 23-та и да го потиснат рекордот на Хонда, Зарко не дозволи такво нешто со сензационална изведба во исклучително тешки и луди услови на Ле Ман.
Пред самиот старт на трката, голем дел од возачите решија да ги променат мотоциклите и да се одлучат за гуми за суво, а тоа им донесе казна од „два долги круга“ кои мораа да ги одлежат и браќата Маркез.
Во воведната фаза од трката, ништо не укажуваше дека Зарко ќе избие на првото место, но новата промена во условите над патеката ги натераа возачите по вторпат да ги менуваат мотоциклите.
Бидејќи Зарко тоа го направи пред водечките, возачот на Хонда се најде на првото место пред Оливеира и браќата Маркез, па иако имаше предност од 6 секунди, до крајот на трката успеа да режира неверојатен мастерклас и со повеќе од 20 секунди победи пред Марк.
Постариот од браќата Маркез е најголем профитер кога е во прашање генералниот пласман, бидејќи по вчерашната победа во спринтот, денеска сигурно ќе биде задоволен од второто место, особено поради падот на неговиот брат Алекс, како и лошата трка на Пеко Бањаја кој заврши 16-ти.
Покрај Зарко и Маркез, место на генералниот пласман обезбеди и Фермин Алдегер.