[ВИДЕО] Кривична пријава за 23 – годишниот кривопаланчанец кој со автомобил влечеше куче

Макфакс

11/05/2025

14:53

1.525

Големина на фонт

а а а

Против 23- годишникот кој со автомобил влечеше куче ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни.

„На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А. (23) од Крива Паланка. Со него е извршен службен разговор и против него ќе биде поднесена кривична пријава“, извести денес Министерството за вантрешни работи.