Русија денес ја одбележува 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна со воена парада на која присуствува и кинескиот претседател Кси Џинпинг.
Во текот на двочасовната програма, пред светските лидери продефилираа тенкови и друго модерно руско оружје, а во еден момент на небото пролетаа и руски борбени авиони.
Претседателот Владимир Путин ѝ се обрати на јавноста на парадата на Црвениот плоштад, велејќи дека „ги поддржува учесниците во специјалната воена операција“ и дека „вистината и правдата се на наша страна“. Огромната прослава е засенета од тековната војна во Украина, откако Русија ја нападна земјата во февруари 2022.
По повод Денот на ослободувањето, Русија прогласи еднострано 72-часовно примирје, а на улиците на главниот град на Русија се видливи невидени безбедносни мерки поради страв од саботажа или напади. Неговите лојални телохранители постојано го држеле Путин под будно око. Додека ги поздравувал високите воени претставници, тие стратешки се позиционирале околу него за да можат навреме да реагираат во случај на потреба или закана за рускиот претседател. Неколку телохранители носеле црна актовка во рацете, а еден имал и чадор.
Путин опкружен со телохранители: Еве зошто носат црни актовки
Меѓутоа, овде не станува збор за телохранители кои носат доверливи документи или чадори во случај на дожд. Имено, и претходно се пишувало дека актовката во рацете на чуварите на Путин всушност се претвора во непробоен штит откако ќе се расклопи.
Имајќи предвид дека во секој момент постои голема опасност од обид за атентат врз рускиот претседател, не е чудно што неговите најверни следбеници се опремени да реагираат во секоја ситуација.
Watch on TikTok
Телохранителите на Путин – кои себеси се нарекуваат негови „мускетари“ – формираат специјална единица во рамките на руската Федерална служба за заштита, или ФСО, која влече корени од 1881 година, кога царот Александар III. се опкружил со стражари по убиството на неговиот татко од страна на револуционер кој фрлил бомба, според магазинот „The Economist“.
Голем дел од она што е откриено за елитната претседателска служба за безбедност доаѓа од веб-страницата „Beyond Russia“, која ја води ТВ-Новости, државна организација која исто така ја надгледува мрежата RT.
Веб-страницата вели дека телохранителите на Путин се внимателно избрани поради квалитетите кои вклучуваат „оперативна психологија“, физичка издржливост и способност да го издржат студот и да не се потат на топлина. Тие, наводно, се опремени со специјални актовки кои служат како штит за заштита на Путин и носат руски пиштоли „SR-1 Vector“ 9 мм, наполнети со оклопни куршуми.