Пет кујнски трикови на нашите баби кои секогаш успеваат

Точка

09/05/2025

14:16

1.173

Големина на фонт

а а а

Нашите баби немале многу од она што ние го имаме денес. Но, тие знаеле како со многу малку состојки и многу знаење да создадат чуда во кујната. Иако некои од нивните совети се застарени, следниве сè уште можат да се применат и навистина се корисни.

1. Зовриена вода за нараснување на квасецот – топла, но не жешка

Бабите знаеле дека квасецот сака топлина, но не и жештина. Секогаш користеле „прстометар“ – водата треба да биде топла како онаа за капење бебиња. Премногу топлата вода го убива квасецот, а премногу ладната го заспива. Овој совет сè уште важи и е основа за секој вкусен леб.


2. Компири во супа кога е премногу солена

Сè уште најдобриот трик ако сте претерале со солта. Излупениот компир во супа (или чорба) апсорбира вишок сол. Само извадете го пред сервирање – компирот ќе ја впие солта од супата и ќе остане солен.

3. Јаболко со леб за подолго да остане свеж

Ако лебот го чувате во пластична кеса или кутија, додадете четвртина јаболко – тоа ја задржува влагата, а лебот останува мек подолго време, без да се претвори во „камен“.


4. Млекото нема да прекипи ако ставите дрвена лажица врз тенџерето

Дрвената лажица всушност ги „разбива“ меурчињата што се формираат кога млекото врие и често спречува прелевање – ако лажицата е сува и тенџерето не е преполно, ова навистина функционира.


5. Лимон за мирисливи раце по лук и риба

Бабите ги триеле рацете со лимон за да се ослободат од мирисот на лук (кромид) или риба. Киселините од лимоните ги неутрализираат соединенијата што предизвикуваат непријатни мириси.


Денес знаеме и за сода бикарбона – но лимонот сепак победува поради неговиот цитрусен мирис.