Трамп повторно изненади со својот потег: Во музејот на Холокаустот вработил ријалити ѕвезда

Точка

08/05/2025

14:23

894

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп направи уште еден потег што лесно би можел да предизвика поделени реакции. Имено во музејот посветен на жртвите од Холокаустот, тој ја вработил ријалити ѕвездата Сиги Фликер, позната по учеството во шоуто „The Real Housewives of New Jersey“.

Сиги е еден од 11-те луѓе назначени од Трамп да служат во одборот на музејот. Во врска со ова Трамп се огласи на платформата „Truth Social“: „Сите тие го поддржуваат Израел и ќе се погрижат никогаш да не заборавиме. Честитки до сите!“. Од друга страна Фликер сè огласи на Инстаграм, заблагодарувајќи му се на Трамп „за привилегијата“.


Посинокот учествувал во нападите на Капитол?

Инаку, нејзиниот посинок Тајлер Кампанела бил уапсен во април 2024 година за наводно учество во нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година. Тој беше осуден за пет прекршоци, а ФБИ во своето соопштение ја цитираше објавата на Сиги на социјалните мрежи во која се чини дека таа го поддржала Тајлер и неговата наводна поврзаност со нападот.

„Ги сакам патриотите толку многу. Биди безбеден, Тајлер. Те сакаме“, напиша Сиги покрај фотографија од нејзиниот посинок во зградата на Капитол на денот кога се случил нападот. Неговиот случај подоцна беше отфрлен откако Трамп издаде помилување на оние наводно вмешани во нападот на неговиот прв ден на функцијата.

Отворено го поддржува Трамп

Инаку Сиги Фликер отворено го поддржува Трамп на социјалните мрежи. Во декември 2024 година, таа објави фотографија со Трамп и рече дека тој е „најдобриот претседател во американската историја“. Покрај тоа таа е членка на клубот на Трамп „Мар-а-Лаго“ во Флорида, кој тој го посетува три до четири пати годишно.

Потсетуваме, Фликер се појави во 7-та и 8-ма сезона од шоуто „The Real Housewives of New Jersey“. Пред да заврши снимањето на осмата сезона, таа објави дека го напушта шоуто. Нејзиното објава дојде среде гласините за караница со Маргарет Џозефс, друга натпреварувачка во шоуто, која наводно ја навредила Сиги користејќи антисемитски навреди.