Фотографија од Земјата од неочекуван агол збуни милиони: Дали навистина вака изгледа нашата планета?

Точка

06/05/2025

16:00

1.500

Големина на фонт

а а а

Една фотографија од планетата Земја, направена од необичен агол, е предмет на дебата на социјалните мрежи. И навистина, тешко е да останете рамнодушни кога фотографијата ќе ве потсети колку всушност малку знаеме за планетата на која живееме.

Навикнати сме на глобусите да ги гледаме континентите: Северна Америка, Азија, делови од Африка и Јужна Америка... Поголем дел од копното, околу 68 отсто, навистина се наоѓа на северната хемисфера.

Но, Земјата всушност е сина планета – дури 71 отсто од нејзината површина е покриена со вода.

На фотографијата која кружи на социјалните мрежи, а која ја објавил корисник на „X“, пишува: „Страната на планетата Земја која не сме навикнале да ја гледаме“. На неа доминира бескрајниот Тихи океан. Оваа фотографија ја прикажува јужната хемисфера од главно неистражен агол и речиси да нема копно во видикот.

Во долниот лев агол од фотографијата одвај се наѕира Нов Зеланд, додека пак при дното присутен е Антарктикот, препознатлив по белата, замрзната површина. Остатокот од фотографијата го сочинуваат океанските површини со облаци и временски системи кои се типични за сателитските снимки.

Океанска хемисфера: Свет кој ретко го гледаме

Оваа страна од Земјата, позната како океанска хемисфера се состои од околу 89 отсто океани и само 11 отсто копно.

Освен Нов Зеланд и Антарктикот, на оваа страна од планетата се наоѓаат и бројни острови: Хаваи, Фиџи, Тонго, Самоа, како и островските држави и територии: Полинезија, Меланезија и Микронезија, вклучувајќи ја и Француска Полинезија, Велигденските острови и одвај видливите рабови на Галапагос.

Иако тие острови технички постојат на фотографијата, нивната големина споредена со океанската маса ги прави речиси незабележливи.


Оваа фотографија нѐ потсетува колку малку знаеме за океаните и колку копното е значително помал дел од нашата планета, нѐ потсетува и на тоа дека нашето гледање на светот зависи од аголот од којшто набљудуваме.

И, можеби токму тоа е суштината на науката, непрекинато да ја менуваме перспективата и да го преиспитуваме она што мислиме дека го знаеме.