Американскиот "Harley-Davidson" во својата актуелна понуда има мотоцикл кој со дополнително тркало јасно ја предизвикува традицијата. Сепак, станува збор за модел кој има што да понуди.
Контроверзниот "Tri Glide Ultra", според дефиниција, припаѓа на класата "Touring" модели наменети за долги патувања. Токму за такви релации овој "Harley" е совршен – благодарение на високиот вртежен момент, врвниот комфор и лидерскиот простор за багаж.
Како и кај сите модели на "Harley-Davidson", и овде е основа "Twin-Cooled Milwaukee-Eight 114" моторот, поврзан со сигурен шестостепен менувач, пренесува "Automotorevija".
Станува збор за мотор со 93 коњски сили и респектабилен вртежен момент од 163 Nm, што овозможува самоуверено крстосување по патиштата.
Димензиите се импресивни, па актуелниот "Tri Glide Ultra" располага и со електричен погон за движење наназад, што значително го олеснува паркирањето.
Сепак, тројката од Милвоки најмногу блеска во делот на искористливиот багажен простор. Тука "Tri Glide Ultra" нуди 193 литри корисен волумен, категорија во која нема вистинска конкуренција.
Освен перформансите, овој необичен "Harley" со три тркала се потпира и на најсовремен мултимедијален систем, со екран од 6.5 инчи, а аудиосистемот има четири звучници – за целосно уживање во возењето.
Најголема пречка, според очекувањата, е цената – на домашниот пазар, "Tri Glide Ultra" стартува од 39.999 долари.