Витиња покажа класа и ја подари наградата од УЕФА на свој соиграч: Вистинскиот МВП

Дерби

30/04/2025

11:12

392

Големина на фонт

а а а

Витор Фереира, или далеку попознат како Витиња полека прераснува во еден од најдобрите играчи за врска во светот, а тоа одново го демонстрираше на највисока европска фудбалска сцена на вчерашниот меч во Лигата на шампиони.

Креаторот на играта на ПСЖ блескаше на „Емирејтс“ со својата сталоженост и мирната игра во средниот ред, па како човек кој беше одговрен за наметнатото темпо од страна на гостите, португалскиот репрезентативец беше избран за играч на мечот од УЕФА.

Витиња ја доби МВП награда од УЕФА по крајот на натпреварот во Северен Лондон кој заврши со резултат 0:1 за гостите, па иако заслужи максимални пофалби за партијата која ја имаше, самиот играч за врска смета дека имало еден подобар и поклучен од него.

Џанлуиџи Донарума со две круцијални одбрани ја сочува победата на ПСЖ на „Емирејтс“, па Витиња немаше проблеми да му ја додели својата награда на соиграчот.

– Вистинскиот МВП, – порача Витиња во селфито со Италијанецот.