Поздрави се од лососот и многу поевтини: Најдобрите риби на светот кои го намалуваат холестеролот и се добри за срцето

Точка

28/04/2025

20:19

1.449

Големина на фонт

а а а

Сите видови риби не се подеднакво добри за здравјето, но рибите и морските плодови се важен извор на бројни витамини и минерали. Лекарите и нутриционистите препорачуваат јадење риба најмалку двапати неделно.

Помрсните риби, како што се лососот и сардините, се богати со омега-3 масни киселини, кои имаат позитивен ефект врз здравјето на срцето, според „Хелтлајн“ (Healthline).

Еве кои видови риби се најздрави.

Сардини


Сардините се одличен избор за вашата неделна порција риба поради нивната прифатлива цена и хранлива вредност. Тие се преполни со омега-3 масни киселини, кои содржат дури и повеќе од фалениот лосос, а освен тоа се и одличен извор на калциум и витамин Д, кои се неопходни за здравјето на коските.

Пастрмка


Ако јадете пастрмка само еднаш неделно, можете да го намалите холестеролот, да ги зајакнете крвните садови и нервите и да избегнете проблеми со меморијата во староста.

Лаврак


Медитеранскиот лаврак нуди немрсен извор на протеини богат со витамин Д, ја поддржува имунолошката функција и апсорпцијата на калциум. Неговата мала големина и лесното отстранување на коските го прават популарен избор за подготовка на целата риба.

Скуша


Скушата има богат, специфичен вкус и се смета за една од најхранливите риби. Оваа риба е богат извор на протеини, витамини Б2, Б3, Б6 и Б12, како и на исклучително важниот витамин Д. Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно јадат скуша имаат понизок крвен притисок и помалку холестерол во крвта. Благодарение на витаминот Д, скушата е добра и за здравјето на коските. Заедно со него, бакарот и селенот, кои исто така се наоѓаат во скушата, се важни за густината на коските.