Медицинска и етичка пропаст – 85 донатори на сперма во Холандија зачнале илјадници деца

Точка

19/04/2025

17:02

2.092

Големина на фонт

а а а

Најмалку 85 донатори на сперма во Холандија зачнале по 25 или повеќе деца, а новооткриената пракса во клиниките за плодност покажала бројни прекршувања на правилата кои експертите ги нарекуваат „медицинска пропаст“.

Националната организација за гинекологија и акушерство соопшти дека многу клиники намерно користеле сперма од исти донатори повеќе од 25 пати, а дури и менувале примероци и им дозволувале на истите мажи да донираат сперма во повеќе клиники.

„Бројот на таканаречените масовни донатори треба да биде нула. Тие воопшто не треба да постојат. Во име на целата наша професија сакаме да се извиниме. Не го направивме тоа што требаше да го направиме“, изјави гинекологот Мариеке Шененберг.


Законот дизајниран да го намали ризикот од ненамерен инцест и сродничко размножување им забрани на донаторите да зачнуваат повеќе од 25 деца уште во 1992 година, но неговата имплементација се покажала како проблематична поради строгите закони за приватност.

Границата била намалена од 25 на 12 деца во 2018 година, но националниот регистар на донатори и мајки со коден систем кој гарантира дека спермата од исти донатори не може да се користи за повеќекратно зачнување започнал со работа дури сега во април.

„Резултатот од тоа, е дека сега, за прв пат, имаме точен број на деца по донатор“, вели Шененберг.


Од 2004 година, кога било укинато правото на анонимност на донаторите, податоците покажуваат дека имало најмалку 85 „масовни“ донатори, односно оние кои имале најмалку 25 зачнување со нивната сперма.

Повеќето од нив станале биолошки татковци на 26 до 40 деца, но има и неколку кои станале татковци на 50 до 75 деца. Меѓу нив има и лекари за плодност, вклучувајќи го Јан Карбат, кој незаконски ја користел сопствена сперма и зачнал најмалку 81 дете во неговата клиника.

„Најплоден“ донатор бил Џонатан Џејкоб Мејер, според кој бил снимен документарен филм на Нетфликс. Наречен „Човек со 1.000 деца“, Мејер зачнал најмалку 550 деца ширум светот, од кои повеќе од стотина во холандските клиники.