Таравари: Девојката која два пати била реанимирана по пожарот во дискотеката „Пулс“, сега е во добра состојба и почнала да се движи

Макфакс

14/04/2025

16:13

1.719

Големина на фонт

а а а

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот за здравство, Арбен Таравари. Двајца пациенти се во критична состојба, останатите се стабилни.

„Во Скопје има девет пациенти, од кои двајца во Клинички центар на Пластична хирургија, еден пациент во „8 септември“, во стара градска болница четворица пациенти и двајца пациенти во приватните болници. Сите се во релативно добра и стабилна состојба. Во странство се лекуваат 48 пациенти од кои очекуваме денеска еден да биде пуштен дома. Од пациентите кои се лекуваат во странство само уште двајца се во критична состојба. Другите се на рехабилитација или чекаат оперативни зафати“, рече Таравари.


Тој кажа дека во моментов има 57 пациенти на болничко лекување од вкупно 193 пациенти кои беа хоспитализиарани по несреќата.

Министерот сподели една добра вест – пациентка која два пати била реанимирана, сега е во добра состојба и почнала да се движи.