Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Тонга, издадено предупредување за цунами

Макфакс

30/03/2025

16:37

2.392

Големина на фонт

а а а

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер ја погоди областа во близина на Тонга, поради што е издадено предупредување за цунами за оваа островска држава. Америкнскиот геолошки возавод соопшти дека земјотресот е регистриран на околу 100 километри североисточно од главниот остров во Тонга.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами издаде предупредување дека опасните бранови можат да ги погодат крајбрежните области на 300 километри од епицентарот. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Тонга е островска држава во Полинезија, која се состои од 171 остров, со население од нешто повеќе од 100.000, од ​​кои повеќето живеат на главниот остров Тонгатапу.

Се наоѓа на повеќе од 3.500 километри источно од австралискиот брег.