Дончиќ го извади од патики „бејби Јокиќ“ и стана вирален хит во Америка

Дерби

01/04/2025

15:54

2.703

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ влезе во посакуван ритам и на 17 натпревари во низа постигнува барем 20 поени на натпреварите кои ги игра за Лос Анџелес Лејкерс, па така беше и рано утрово во победата над Хјустон.

Словенецот беше најдобар поединец со 20 поени, 6 скокови и 9 асистенции, со тоа што едно додавање се најде во центарот на вниманието поради потегот кој претходеше.

Откако направи трансфер во Калифорнија, Дончиќ се заложи да ја поправи својата физичка состојба и ослабна неколку килограми, а тоа прави да биде уште понепредвидлив со движењата.

Лука овојпат му зема мерка на Алперен Шенгун, бидејќи при еден продор успеа да го извади противникот од патики и да додаде до соиграч кој погоди тројка.

Дончиќ го испрати на паркетот играчот кој многумина во Америка го нарекуваат „бејби Јокиќ“, па целата оваа ситуација брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.