Жена почина во авион за Ливерпул

Макфакс

29/03/2025

17:59

2.644

Големина на фонт

а а а

Шеесет и седумгодишна жена почина на летот на „Изи Џет“ покрај херојските напори на сопатниците да и го спасат животот, јавува порталот GB News.

67-годишната патничка доживеала срцев удар за време на нејзиното патување во вторникот, 25 март, додека летала од Тенерифе за Ливерпул.

Летот, кој полетал од Тенерифе бил пренасочен на аеродромот Сантијаго-Росалиа де Кастро, каде што ја пречекале медицински екипи.

За жал, жената починала во авионот пред леталото да може да слета.

Сведоците опишаа за „Ливерпул ехо“ како сето тоа се одвивало на надморска височина од повеќе од 11 километри.

Еден од патниците, кој сакал да остане анонимен, бил меѓу оние кои дошле на помош кога персоналот побарал помош.

„Персоналот донесе резервоар за кислород и дефибрилатор, додека медицинската сестра, физиотерапевтот и јас наизменично вршевме реанимација на жената“, рече тој.