Влошена е состојбата кај двајца критични пациенти кои се лекуваат по пожарот, информира Таравари

Макфакс

29/03/2025

16:11

12.872

Големина на фонт

а а а

Влошена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Вкупно четворица се во критична состојба.

Министерот за здравство, Арбен Таравари информираше дека сè уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животно загрижувачка состојба.


Одлична вест е тоа што денес ќе бидат пуштени дома пет пациенти од хоспитализираните 21 во Скопје. Во странство се лекуваат 89 пациенти, а двајца се враќаат денес од Литванија и Шведска. Како и со претходните пациенти кои се вратија од странство, и тие, првин ќе бидат прегледани на скопските клиники, задржани 24 часа, па пуштени дома.