Антонио Гутереш: Украина има легитимна влада

Макфакс

28/03/2025

20:20

1.217

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина може да биде ставена под форма на привремена администрација под покровителство на Обединетите нации за да се дозволат нови избори.

„Пред сè, во Украина има легитимна влада и очигледно таа мора да се почитува“, рече Гутереш на прашањето на новинарите да ги коментира изјавите на Путин, пренесува Франс 24.

Гутереш, исто така, истакна дека ОН не учествуваат во преговорите што САД ги водат одделно со Украина и Русија за безбедноста на цивилниот брод во Црното Море.