Осумнаесет годишниот Јован Костадинов од Виница кој спаси 21 живот од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани стана национален херој покажувајќи ја својата пожртвуваност.
Тој вчера беше во посета на манастирот Св. Јован Бигорски, а од Православно секојдневие споделија и фотографија.
- Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава Македонија. Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи едно дете со големо срце, велат во објавата на фејсбук.
Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава Македонија. Симбол на тоа што значи да се стави...
Posted by Православно секојдневие - Daily Orthodox on Sunday 30 March 2025