ДУИ, по 22 години владеење и уништување на правосудниот систем, денес се обидува да глуми жртва, барајќи истрага само за трагедијата во Кочани, реагираат од „Вреди“, откако ДУИ побара ургентно формирање парламентарна комисија по трагедијата во Кочани.
Но, граѓаните, како што велат, не забораваат кој го создаде овој расипан систем.
„Кој ги штитеше криминалците? Кој ги претвори судовите и обвинителството во приватни партиски канцеларии?
„Вреди“ нема да дозволи вистината да се манипулира. Бараме анкетна комисија за сите трагедии од изминатите години – од Ласкарци, модуларната болница, Беса Транс, па сè до Кочани. Нема да дозволиме ДУИ да одлучува кои жртви заслужуваат правда, а кои треба да се заборават“, нагласуваат од коалцијата.
Порачуваат: Доста со манипулации. Граѓаните, според нив, знаат кој го создаде овој корумпиран систем и кој со години ја покриваше неправдата.
Вреди нагласува дека ќе продолжи да се бори за вистинска правда, а не за политички фарси на партија што веќе е минато.